24фудбал

Лотито бесен по мечот со Милан: Ја надминавме црвена линија, ова е тешко и да се замисли!

Милан со гол во финишот на Окафор го доби дербито со Лацио на Олимпико, а домаќините добија дури три црвени картони.

Италија

Многу тензија имаше на мечот меѓу Лацио и Милан. Домаќините имаат забелешки на повеќе судиски одлуки. Недосуден пенал за нив во првото полувреме, дадени три црвени картони, се дел од забелешките.

Сари не се појави на прес по мечот, излезе претседателот на клубот, Клаудио Лотито.

„Денеска ја надминавме црвената линија. Ја надминавме секоја граница што може да се замисли. Клубот ќе го крене својот глас на вистинските места за она што сите го видоа“, рече Лотито по мечот.

„Ако системот не е во состојба да ја гарантира сигурноста, тогаш треба да поставиме некои прашања. Нашиот глас ќе се слушне во институциите каде што треба“.

„Не го знам кој е судијата, ниту од каде доаѓа. Но денеска недостасуваше почитување на правилата. Ова беше принуден пораз“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.