24фудбал

Мундо Депортиво ја советува Барселона да го купи Димитриевски

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ ја советува Барселона дека треба да тргне по македонскиот голман Столе Димитриевски.

Шпанија

Актуелниот договор на Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува по крајот на оваа сезона, на лето тој е слободен играч.

Димитриевски преферира да продолжи во Рајо, но една понуда од Барселона можеби би го променила неговото мислење.

Договорот на вториот голман на Барселона Ињаки Пења исто така истекува по крајот на сезоната и нејасно е дали тој ќе продолжи.

Новинарот на Мундо Депротиво, Жорди Батаља ја потсетува Барселона дека Димитриевски е еден од најдобрите голмани во Ла Лига, со одличен број на одбранети удари. Се наоѓа на третото место по број на натпревари без примен гол.

Македонскиот голман во Барселона би бил резерва на Андре Тер Штеген.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.