24фудбал

Деко се сретнал со агентката на Халанд, Барса ја сака ѕвездата на Сити! (ВИДЕО)

И покрај големите финансиски проблеми кои ги има, Барселона не го трга погледот од најдобрите фудбалери во светот.

Шпанија

Последните информации велат дека Деко денеска се сретнал со Рафаела Пимента која е агент на Ерлинг Халанд.

Наводно Деко сакал да разговара и со семејството на Халанд со цел да ја разгледа можноста за негов ангажман во иднина.

Јасно е дека Барселона престојното лето сигурно нема да може да си го дозволи Халанд, но Каталонците работат во иднина работите да се променат и повторно да имаат можност да ги ангажираат најдобрите фудбалери.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.