24фудбал

Влаховиќ не мрда од Јувентус, сака да потпише нов договор

Ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ е подготвен да стави потпис на договор со клубот до 2028 година.

Италија

24-годишниот Душан Влаховиќ игра во неверојатна форма во последно време, даде девет гола на последните седум меча.

Тој е среќен во Јувентус и сака да потпише нов договор.

Актуелниот договор на Влаховиќ во Јувентус е со трајност до јуни 2026 година, евентуалното продолжување би било до 2028.

Српскиот напаѓач веќе го информирал својот агент Дарко Ристиќ дека сака да остане во Јуве и веќе се направени првите разговори кои биле позитивни.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.