24фудбал

Жирона им се врати на победите, Димитриевски трипати ја вадеше топката од мрежата (ВИДЕО)

Жирона со 3-0 го победи Рајо Ваљекано, сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Шпанија

Жирона пред денешниот меч имаше серија од три натпревари без победа, но денеска се израдуваа на три бода.

Димитриевски одбрани неколку удари на домаќините, но не можеше да фати сѐ.

Неговата мрежа прв ја затресе Циганков во 52. минута.

Рајо Ваљекано остана со играч помалку во 76. минута откако Чаварија за две минути доби два жолти картони.

Во 91. минута Савио зголеми на 2-0, а четири минути подоцна истиот играч ги постави и конечните 3-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.