24фудбал

Фиорентина со пресврт го победи Лацио

Фиорентина со 2-1 славеше против Лацио кој имаше предност по првото полувреме, но не успеа да ја сочува.

Италија

Лацио поведе со гол на Луис Алберто пред самиот истек на првото полувреме.

Во 61. минута по асистенција од Белоти, Кајоде го постигна својот прв гол во Серија А за израмнување на 1-1.

Осум минути подоцна реализираше Бонавентура за комплетен пресврт и победа на Фиорентина од 2-1.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.