24фудбал

Модриќ: Рамос ми е брат, тој е легенда на Реал Мадрид!

Лука Модриќ беше ѕвездата на вечерта на мечот меѓу Реал Мадрид и Севиља, со негов гол кралскиот клуб победи со 1-0.

Шпанија

Модриќ влезе во 75. минута, а шест минути подоцна постигна прекрасен гол за победа на Реал Мадрид.

Овој меч беше посебен затоа што Серхио Рамос играше на Бернабеу, но овојпат како играч на Севиља.

„Серхио Рамос ми е брат и тој е вистинска легенда, легенда на Реал Мадрид“, вели Модриќ.

„Луѓето секогаш ни судат според годините, но неговото ниво едноставно е неверојатно. Среќен сум што го видов денеска“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.