24фудбал

Леао постигна прекрасен гол по пет месеци пост, Аталанта од спорен пенал се избори за бод (ВИДЕО)

Милан и Аталанта одиграа 1-1 во дербито на Сан Сиро, Леао со прекрасен сол гол го отвори резултатот, Копмејнерс од пенал се погрижи бодовите да бидат поделени.

Италија

Рафаел Леао постигна прекрасен гол по пет месеци пост во Серија А, но тоа не беше доволно за Милан да се радува на победа против Аталанта.

Португалецот убаво продре по левата страна, се ослободи од двајца противници и неодбранливо пласираше на подалечната статива за 1-0 веќе во 3. минута.

Гостите стигнаа до изедначување во финишот на првиот дел со спорен пенал. При една нафрлена топка, Жиру го закачи Холм во раката, кој се фати за лице и падна како покосен на тревата. Орсато во прв момент не досуди ништо, но беше повикан од ВАР собата да ја прегледа повторената снимка, па ја промени одлуката и покажа на белата точка.

Компејнерс остана смирен и од 11 метри реализираше за 1-1. 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.