24фудбал

Барселона го прегази Хетафе, конечно убедлива победа за Каталонците (ВИДЕО)

Барселона по долго време се радува на убедлив триумф, со 4-0 го совладаа Хетафе на Монжуик.

Шпанија

Серијата погодоци ја отвори Рафиња во 20. минута, а обично кога тој ќе даде гол, Барселона победува.

По осум минути игра во вториот дел Жоао Феликс постигна погодок за предност на Барса од 2-0.

Во 61. минута Рафиња беше асистент, додаде за Де Јонг кој постигна гол за 3-0. Тука беа решени сите дилеми околу победникот на овој меч.

Течеше првата минута од судиското продолжение кога Лопез погоди за конечен резултат од 4-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.