24фудбал

Дибала преку социјалните мрежи му фати сеир на Феенорд: Не заборавам! (ФОТО)

Рома на пенали го победи Феенорд и се пласира во осминафиналето од Лига Европа, а по мечот Дибала со неколку сторија на инстаграм го задеваше противникот.

Италија

Во последните три години, Рома и Феенорд трипати се сретнаа. Прво во финалето од Конференциската лига, минатата сезона во четвртфиналето од Лига Европа и сега.

Рома секогаш излегуваше како победник, но Феенорд лани преку тик-ток ја истрола волчицата кога тие не успеаа да се пласираат во Лигата на шампионите.

Меѓу двата тима овие години се создаде ривалство, па по вчерашната победа Дибала му го фати сеирот на противникот.

Дибала прво го шерна тик-ток видеото кое Феенорд го пушти минатата година и напиша: „Не заборавам“.


Потоа го сподели постот кој беше најава за мечот меѓу Рома и Феенорд и напиша „повторно“ и им се изнасмеа.


Дибала им се изнасмеа и во пост за поразот на профилот на Феенорд на инстаграм.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.