24фудбал

Реал Мадрид виде позитивен сигнал во враќањето на Крос во репрезентацијата на Германија!

Реал Мадрид се надева дека ќе го убеди Тони Крос да го продолжи договорот, а сметаат дека во прилог им оди тоа што Германецот се врати во националниот тим.

Шпанија

Тони Крос е во дилема дали да продолжи да игра или да стави крај на кариерата. Ако се одлучи за првото, ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид, не е опција заминување во друг клуб.

Во меѓувреме тој одлучи да се врати во германската репрезентација и од март ќе му се стави на располагање на селекторот Нагелсман.

Реал Мадрид во враќањето на Крос во репрезентацијата гледа позитивен сигнал дека фудбалерот ќе сака да продолжи да игра и ќе стави потпис на нов договор со нив.

Крос кој во јануари наполни 34 години, игра во голема форма оваа сезона.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.