24фудбал

Дани Алвеш за неколку месеци ќе може да излезе од затвор

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Дани Алвеш во јуни месец ќе се стекне со право да побара преку ден да го напушта затворот и да се враќа навечер.

Шпанија

Дани Алвеш денеска беше осуден на четири ипол години затвор поради силување на девојка, поранешниот фудбалер на Барселона можеше да помине многу полошо, но судот му одреди пониска казната поради тоа што пред почетокот на процесот, плати 150.000 евра за „компензација за ублажување на предизвиканата штета“.

Многумина сметаат дека казната е преблага, а веројатно нема да им се допадне и информацијата која вели дека наскоро Дани Алвеш ќе може да биде виден на улица.

Според законите, откако ќе одлежи една третина од казната, тој има право да побара преку ден да го напушта затворот и да се враќа навечер.

Со оглед на тоа дека година дена веќе е зад решетки, Дани Алвеш со ова право ќе се стекне во јуни месец. Секако, судот е тој кој го има последниот збор, во полза на фудбалерот е тоа што се однесува примерно, но негативна страна е можноста за бегство во Бразил, земја која нема екстрадиција.

По одлежана половина казна, Дани Алвеш има право да бара и слободни викенди, и со ова може да се здобие летото во 2025 година.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.