24фудбал

Останува да се испегла уште еден детаљ помеѓу Реал Мадрид и Мбапе

Преговорите помеѓу Реал Мадрид и Килијан Мбапе се во завршна фаза, останува уште да се дефинира распределбата на имиџ правата.

Шпанија

Килијан Мбапе летоска ќе го напушти ПСЖ, и само прашање на време е кога ќе биде потврдена неговата преселба во Реал Мадрид.

Се говори дека двете страни си имаат подадено рака за плата од 15 милиони евра по сезона, плус бонуси за настапи, голови и трофеи. Килијан Мбапе ќе добие и 150 милиони евра за потпис на договорот, и останува да се испегла уште еден детаљ, односно распределбата на имиџ правата.

Реал Мадрид има политка распределбата да биде 50/50, додека пак Килијан Мбапе се избори во ПСЖ да ги задржи 100%.

„Кралевите“ се подготвени на одредени отсапки, но во никој случај нема да му дозволат на напаѓачот 100% од имиџ правата. Тие му објаснуваат дека поради ренометои и светската популарност на Реал Мадрид, и со помал процент ќе заработува многу повеќе, како пример му ја посочуваат ситуацијата со Дејвид Бекам, кој во „белиот“ дрес заработувал огромни суми на пари од имиџ правата и покрај таа што распределбата била 50/50.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.