24фудбал

Чалханоглу „пука“ од самодверба: Јас сум најдобар во светот, зад мене се Родри, Крос, Кимих и Енцо

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу вели дека нема фудбалер како него на позицијата „реџиста“, вели дека е пред играчи како Родри, Крос, Кимих или Енцо Фернандез.

Италија

Уште минатата сезона, поради повредите на Марсело Брозовиќ, Симоне Инзаги се реши да му додели нова улога на Хакан Чалханоглу, па Турчинот почна да игра поповлечено во средниот ред и да креира акции длабоко од својата половина.

Тој извонредно се снајде на оваа позиција, па сега „пука“ од самодоверба и вели дека е најдобар во светот.

„Пред неколку месеци кажав дека сум помеѓу најдобрите на позицијата „реџиста“, но никој не веруваше во мене. Но јас секогаш верувам во самиот себе, знам со каков квалитет располагам и не се плашам од ништо“ – вели Хакан Чалханоглу.

Запрашан да наброи кои се петмината најдобри на оваа позиција, тој вели: „Чалханоглу е број 1, потоа следуваат Родри, Тони Крос, Кимих и Енцо Фернандез“.

Тој потоа додава: „Головите што јас ги постигнувам, ретко друг го прави тоа. Не давам гол од неколку метри, давам гол од далечина, можеби слободен удар“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.