24фудбал

„Милан сакаше летоска да ме продаде, останав поради една лага...“

Јасин Адли открива дека летоска му било кажано дека ќе треба да си пронајде нов клуб, но со напорна работа и една лага, успеал да се избори за место во тимот на Милан.

Италија

23 годишниот Јасин Адли, минатата сезона одигра едвај 140 минути во дресот на „росонерите“, но оваа сезона сериозно се наметна во составот на Милан и до овој момент има преку 20 настапи и 1.000+ минути на терените.

Во разговор со Л’Екип, фудбалерот од средниот ред открива дека летоска му било кажано дека треба да си пронајде нов клуб, но со напорна работа и една лага, успал да се избори за место во тимот.

„Пиоли реши да примени нов систем, па ми рече, „Се решивме за други избори, ќе мора да си најдеш нов клуб“. Му се заблагодарив за искреноста и му кажав дека ќе останам максимално посветен се додека не заминам“ – раскажува Адли.

„Но потоа останав со групата бидејќи работев напорно, па дури ме повикаа и на турнејата во САД“.

„Таму, ми беше кажно дека клубот е во потрага на нов дефанзивец од средниот ред, и дека ќе можам да останам ако се докажам во оваа улога. Им кажав дека нема да биде проблем бидејќи веќе сум играл на таа позиција... но тоа не беше точно, никогаш не сум играл на таа позиција!“


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.