24фудбал

На Чави му дошло преку глава, сите од тренерскиот персонал ги извадиле телефоните на маса

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чави барал „крт“ во соблекувалната на Барселона, па сите луѓе од неговиот тренерски пресонал ги предале телефоните на инспекција.

Шпанија

На Чави му дошло преку глава од тоа што до медиумите стигнуваат информации од соблекувалната на Барселона, па се решил на еден необичен потег.

Стратегот започнал истрага, сите од неговиот персонал морале да ги извадат телефоните на маса, да ја отворат апликацијата „ВацАп“ и човек близок до Чави да ја прегледа целата комуникација.

Tренерот на Барселона, и покрај тоа што заминува по крајот на сезоната, нема да се откаже додека не го најде „кртот“ во соблекувалната.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.