24фудбал

По Килијан Мбапе, Реал Мадрид ќе го ангажира и еден од најперспективните Германци?!

Килијан Мбапе ќе биде големото летно засилување за Реал Мадрид, а „кралевите“ во 2025 би можеле да добијат уште една трансфер битка и во своите редови да го донесат Флоријан Вирц, кој важи за еден од најперспективните Германци.

Шпанија

Само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда за преселбата на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, двете страни ги пеглаат деталите од соработката која на Французинот ќе му донесе фантастичен бонус од околу 150 милиони евра.

И додека Килијан Мбапе ќе биде големото летно засилување на „кралевите“, медиумите веќе шпекулираат што би можело да се случи во 2025 година.

Билд пишува за трансфер на Флоријан Вирц, кој важи за еден од најперспективните Германци и подолго време е во бележникот на Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити, Баерн Минхен и многу други.

Весникот вели дека Баерн Минхен сака по секоја цена да го донесе Флоријан Вирц во своите редови, но Баер Леверкузен не сака да го продаде на ривал од Бундеслигата.

Па Реал Мадрид се посочува како следна дестинација, односно Адидас сака да го види Флоријан Вирц во белиот дрес. Производителот на спортска опрема веќе се замеша во трансферот на Џуд Белигнам, па сака истото да го стори и со Германецот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.