24фудбал

Модриќ пред два месеци добил интересен предлог од Реал Мадрид

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Лука Модриќ пред два месеци добил интересен пердлог, да стане дел од тренерскиот персонал на Карло Анчелоти.

Шпанија

Минатото лето, Лука Модриќ имаше богата понуда за преселба во Саудиска Арабија, но ги одби милионите за да остане во Реал Мадрид.

Сепак, тој не ја добива посакуваната минутажа, па често се пишува дека фудбалерот од средниот ред не е задоволство и сериозно размислува за заминување од Мадрид.

Последните информации велат дека пред два месеци Лука Модриќ добил интересен предлог од Реал Мадрид, односно да стане дел од тренерскиот персонал на Карло Анчелоти.

Хрватот се заблагодарил, но порачал дека во моментов не е заинтересиран за една ваква улога, приоритет му е да продолжи да игра, и понатаму е гладен да се надигрува и да победува.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.