24фудбал

Мурињо откри како реагира Роналдо кога ќе биде повлечен од игра

Жозе Мурињо раскажа како е да се биде тренер на Кристијано Роналдо, и откри како реагира Португалецот кога ќе биде повлечен од игра.

Шпанија

Жозе Мурињо имаше прилика да соработува со својот сонародник во Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013, и помогна при трансформацијата на ЦР7 од експлозивно крило во гол машина.

„Играме против Леванте, водиме со 5-0 и му кажуваш на Роналдо да се релаксира, да одмори малку, а тој ти вели: „Не, не ,не. Можам да постигнам уште еден гол!““ – раскажува Жозе Мурињо.

За тоа како е секој ден да се соработува со Кристијано Роналдо, „специјалниот“ додава: „Мислам дека не го тренирате, не можете да го научите нешто, треба да се обидете тој да биде среќен и да креирата атмосфера во која тој ќе може да дојде до израз. Тој период беше траниција за него, бидејќи сите го сметата за лево или десно крило, за фудбалер кој дрибла, сака да игра еден на еден. Но во Реал тој стана голем голгетер. Веројатно првиот голем натпревар како напаѓач му беше финале во купот против Браселона, постигна прекрасен гол со глава во продолженија. Веројатно тогаш и на луѓето им стана јасно дека тој може да биде гол машина, страшен напаѓач, а не само крило“.

„Нема што да го учите кога е во прашање техника, нема потреба да го мотивирате или да го терате да биде амбициозен“.

„Треба само мало тактичко прилагодување и да се погрижите тој да биде среќен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.