24фудбал

Марка објави дека Мбапе веќе потпишал со Реал Мадрид, и ги откри деталите

Денешното издание на Марка објави дека Килијан Мбапе веќе ставил потпис на договор со Реал Мадрид, станува збор за петгодишна соработка со плата помеѓу 15 и 20 милиони евра нето, плус бонуси.

Шпанија

Килијан Мбапе минатата недела го извести ПСЖ дека заминува по крајот на сезоната, и иако нема ништо официјално, речиси на сите им е јасно дека напаѓачот ќе се пресели во Реал Мадрид.

Денешното издание на Марка вели дека Французинот веќе потпишал со „кралевите“, станува збор за петгодишна соработка.

Весникот додава дека финансискиот дел е за нијанса понизок од соработката која била договорена во 2022 година.

Килијан Мбапе сега ќе има плата од 15-20 милиони евра нето, плус бонуси. И со вакви бројки, тој ќе биде најплатен на „Бернабеу“.

Што се однесува за бонусот за потпис, во 2022 била договорена сума од 130 милиони евра, но и таа сега е корегирана.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.