24фудбал

Монца слави историска прва победа против Милан: Ова е за Берлускони! (ВИДЕО)

Монца зеде уште еден скалп во Серија А, за прв пат во својата историја славеше победа против Милан, синоќа се радуваше на триумф од 4-2.

Италија

Во последниот натпревар од 25. коло во Серија А, Монца издвојува историска победа и за прв пат се радуваше на триумф во пресметките со Милан.

Песина од пенал во 45. минута најави изненадување, а длабоко во судиското надополнување на првиот дел, Дани Мота зголеми на 2-0.

Лука Јовиќ во 53. минута доби директен црвен, но и со играч помалку, Милан успеа да се врати, Жиру намали на 2-1 во 64. минута, а Пулишиќ изедначи на 2-2 во 88. минута.

Сепак, домаќините зададоа нов удар, Бондо во 90. минута ги врати во предност од 3-2, а во 95. минута, Коломбо ја потврди победата и конечните 4-2.

По крајот на натпреварот, тренерот Паладино рече: „Оваа победа е за нашиот голем претседател Силвио Берлускони, сигурно ќе беше многу среќен од борбата што ја прикажаа момците против „неговиот“ Милан“.

„Навистина сме среќни, но не смееме да летаме во облаци и треба да продожиме да бележиме прогрес“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.