24фудбал

Мацари има само еден меч да си ја спаси работата!

„Газета дело Спорт“ пишува дека Валтер Мацари би можел да добие отказ од Наполи доколку разочара и во Лигата на шампионите против Барселона, Марко Џампаоло би можел да биде нов тренер.

Италија

Наполи оваа сезона не е ниту бледа сенка на тимот кој во минатата ја освои Серија А. Руди Гарсија почна лошо, но се чини дека Наполитанците под водство на Валтер Мацари се уште полоши.

Вчера одиграа само 1-1 на домашен терен против Џенова и добија свирежи од навивачите.

Наполи е домаќин на Барселона во првиот меч од 1/16 финалето во Лига Европа и според „Газета“ тоа е последна шанса Мацари да си ја спаси работата.

Ако Наполи и против Барса има разочарувачка претстава, Мацари ќе добие отказ, а на негово место ќе биде назначен Марко Џампаоло како привремен тренер до крајот од сезоната.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.