24фудбал

Милан убедлив против Рен, Бенфика во 97. минута го победи Тулуз (ВИДЕО)

Милан со убедливи 3-0 го победи Рен и направи крупен чекор кон осминафиналето во Лига Европа, Бенфика со два гола од пенал од кој вториот во 97. минута го совлада Тулуз со 2-1.

Италија

Лофтус Чик беше стрелец на два од трите погодоци за Милан, по еден во првото и второто полувреме. Серијата за Милан ја затвори Рафаел Леао.

Интересно беше во Лисабон каде Бенфика со гол на Ди Марија од пенал во 68. минута дојде во водство, но во 75. минута Тулуз изедначи преку Деслер.

Длабоко во судиското продолжение Бенфика доби уште еден пенал, Ди Марија повторно беше прецизен за победа од 2-1.

Карабаг ја изненади Брага совладувајќи ја со 4-2 на нејзин терен, немаше голови на мечот меѓу Ленс и Фрајбург.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.