24фудбал

Тухел „го оправи“ Баерн Минхен, па се понудил да го наследи Чави во Барселона

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека луѓе од придружбата на Томас Тухел стапиле во контакт со Барселона и го понудиле Германецот како наследник на Чави на клупата на Камп Ноу.

Шпанија

„Каталонците“ ќе треба да ангажираат нов тренер откако Чави реши да се повлече од кормилото по крајот на сезоната.

Изминатиов период имаше многу шпекулации за името на неговиот наследник, а последните имформации велат дека Томас Тухел се понудил на Барселона.

Луѓе од придружбата на стратегот стапиле во контакт со клубот од Камп Ноу и опипале терен за една ваква зделка.

Томас Тухел во моментов е под голем притисок откако Баерн Минхен загуби во дербито со Баер Леверкузен, и сега има -5 во однос на лидерот. „Баварците“ исто така на почетокот од сезоната беа шокирани во Купот на Германија и беа елиминирани во пресметакта со третолигашот Сарбрикен.

Баерн Минхен имаше доста проблеми и минатата сезона, кога со огромна доза на среќа ја освоија Бундеслигата во последното коло, со гол во 89. минута и тежок кикс на Борусија Дортмунд.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.