24фудбал

Елмас одбира помеѓу Белингам, Крос, Винисиус и Модриќ: Сите се навистина добри, но моето срце вели Лука

Елиф Елмас открива дека омилен играч во Реал Мадрид му е Лука Модриќ, смета дека Хрватот е најдобриот фудбалер од земјите од поранешна Југославија.

Шпанија

Во пресрет на натпреварот помеѓу РБ Лајпциг и Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампиони, Елиф Елмас седна на разговор со Марка.

Македонецот беше запрашан да избере еден од Белингам, Крос, Винисиус и Модриќ, а тој без многу размислување го одбра Хрватот.

„Сите се неверојатни, навистина добри, но јас сум од Балканот, одбирам со срце па ќе речам Лука Модриќ.  Неговата историја со Реал Мадрид и Хрватска е неверојатна. Ја освои „Златната топка“. Не велам дека другите не се исто толку добри, но мојот фаворит е Лука. Многу значи за луѓето од Балканот. Според мене, тој е број 1 во цела поранешна Југославија“ – вели Елиф Елмас.

Запрашан дали има негов дрес, тој кратко одговари: „Секако! Имам“.

Околу изборот на играч со кого би разменил дрес вечерва, Еламс додава: „Би разменил со Белигам (нема да игра вечерва поради повреда), со Винисиус или играчот кој мене лично многу ми се допаѓа – Родриго. Игра како центарфор и покрај тоа што е ситен, но е многу брз. Бега зад линиите, се воигрува, одите на двете крила и дава голови. Нападот на Реал Мадрид е импресивен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.