24фудбал

Дали Лапорта ќе го погази зборот? Претседателот на Барса свикал итен состанок по киксот против Гранада

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта свикал итен состанок на раководството по киксот против Гранада, се шпекулира дека Чави би можел да добие отказ.

Шпанија

Првиот човек на „каталонците“ неодамна рече дека во ниту еден момент не помислил за отказ на Чави, но доколку се работело за друг тренер, одамна ќе му удреле клоца поради лошите резултати.

По киксот на Барселона против Гранада, неколку извори објавија дека Жоан Лапорта свикал итен сосатанок на раководството.

Се шпекулира дека една од темите ќе биде и иднината на Чави, не се исклучува можноста стратегот сепак да биде избркан и да не го дочека крајот на сезоната.

По ремито против Гранада, Барселона е на -10 во однос на лидерот Реал Мадрид, и -5 во однос на второпласираната Жирона. 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.