Категорија: Лига на Шампиони 14.12.2023 11:16
Лацио игра лоша сезона во Серија А, но во Лигата на шампионите стигна до нокаут фазата.
По вчерашниот меч против Атлетико Мадрид, Маурицио Сари рече дека во осминафиналето сака да се паднат со Барселона бидејќи никогаш нема играно против каталонците.
„Би сакал да се сретнам со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите. Би ги одбрал нив бидејќи никогаш не сум се сретнал со Барселона како тренер и тоа би било прекрасно искуство“, рече Сари.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.