24фудбал

ПСЖ оди во осминафинале од ЛШ, Милан продолжува во ЛЕ, Њукасл е елиминиран! (ВИДЕО)

Драматичен крај во „групата на смртта“ од кој можат да бидат задоволни ПСЖ и Милан кои ја остварија целта, Њукасл доживеа елиминација од Европа.

Лига на Шампиони

Борусија Дортмунд беше пласирана во осмаинафиналето уште пред ова кола, но сите други опции беа отворени.

Милан го победи Њукасл со 2-1 на негов терен со пресврт во вториот дел. Домаќините поведоа со одличен погодок на Жоелинтон во 33. минута.

Во 59. минута Пулишиќ израмни на 1-1, а во 84. минута Чукуезе даде гол за комплетен пресврт и победа на Милан од 2-1.

Оваа победа Милан го однесе во Лига Европа бидејќи дуелот меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ заврши нерешено. Во оваа ситуација на росонерите им требаше пораз на францускиот тим за да стигнат до второто место.

Дортмунд поведе со гол на Адејеми во 51. минута, само пет минути подоцна Заире Емери изедначи на 1-1. Тоа беше и конечниот резултат од мечот.

Борусија Дортмунд го освои првото место со 11 бодови, втор е ПСЖ со осум, толку има и Милан но поради послабиот меѓусебен дуел се трети. Последен е Њукасл со пет бодови.

Место во осминафиналето обезбеди и Порто кој со 5-3 го совлада Шахтар во директна пресметка за пласман понатаму, украинскиот клуб оди во Лига Европа.

Срамен пораз доживеа Барселона која иако играше со силен состав, загуби на гостувањето кај Антверпен со 3-2.

Атлетико Мадрид со 2-0 го совлада Лацио, Селтик со 2-1 беше подобар од Феенорд.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.