24фудбал

Интер и Наполи ќе имаат пеколна ждрепка во нок-аут фазата, за противници ги чекаат Сити, Баерн, Реал, Арсенал...

Интер и Наполи обезбедија пласман во нок-аут фазата во Лигата на шампионите, но ќе треба да одиграат на врвно ниво во осмина-финале доколку сакаат прогрес понатаму, ги чека пеколна ждрепка.

Лига на Шампиони

Наполи вечерва ја заврши работата во Лигата на шампиони, ја совлада Брага со 2-0 и го обезбеди второто место во групата. 

Интер имаше само половичен успех, „нероаѕурите“ од претходно имаа обезбедено осминафинале, но им требаше победа над Реал Сосиедад за да се освои првото место и поволен шешир во ждребот, на крајот одиграа само 0-0.

Па на 18. декември ги очекува пеколна ждрепка, помеѓу носителите ќе бидат Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити и Арсенал, а големи се шансите таму да се најдат и Барселона и Атлетико Мадрид, и еден од Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Нема лесен противник, па Интер и Наполи ќе мора да одиграат на врвно ниво во осмина-финалето доколку сакаат прогрес понатаму.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.