24фудбал

Рамос го имаше билетот за Лига Европа во 94. минута... и не може да заврши полошо (ВИДЕО)

Срхио Рамос се избрука во финишот од натпреварот помеѓу Ленс и Севиља, дефанзивецот имаше добра прилика во 94. минута да донесе победа, но биеше многу лошо и високо на трибините.

Лига на Шампиони

Ленс со 2-1 ја совлада Севиља и ќе продолжи во Лига Европа, но ситуацијата лесно можеше да биде поинаква, гостите да слават со 1-2 и да продолжат во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Откако атрактивно со „Паненка“ изедначи на 1-1, Серхио Рамос го имаше билетот за Лига Европа во 94. минута. 

Една топка дојде до дефанзивецот на 11 метри, а тој наместо да погоди во голот, шутна високо на трибините.

Во 96. минута, на домаќините им се укажа шанса преку контра и не ја пропуштија, Фулџини реализираше за 2-1 и продолжување на настапот на Ленс во Европа.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.