24фудбал

Наполи и Елмас одат во осминафинале, Манчестер јунајтед се збогува со Европа! (ВИДЕО)

Наполи со победа од 2-0 против Брага го завери местото во нокаут фазата од Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед загуби со 1-0 од Баерн Минхен на Олд Трафорд и е елиминиран од Европа.

Лига на Шампиони

На Наполи му беше доволен само бод против Брага, но со победа го завери пласманот понатаму.

Елмас почна од клупата за резерви, во игра влезе во 60. минута кога веќе беа постигнати двата гола.

Наполитанците поведоа со автогол на Сатчи, а Осимен во 33. минута ги постави конечните 2-0.

Во оваа група драматично беше во Берлин каде Реал Мадрид со 3-2 го победи Унион Берлин и со максимални 18 бода помина во следната фаза.

Унион Берлин поведе со гол на Воланд пред крајот на првиот дел, следуваа два гола на Хозелу за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 2-1.

Крал во 85. минута изедначи на 2-2, но Себаљос во 89. донесе триумф за кралскиот клуб.

На Манчестер јунајтед му требаше победа над Баерн Минхен за да дојде до третата позиција на табелата и да продолжи во Лига Европа, но тоа не се случи.

Баерн победи со гол на Коман во 71. минута по една фантастична асистенција на Хари Кејн.

Покрај Баерн Минхен од оваа група во осминафиналето оди и Копенхаген кој со 1-0 го совлада Галатасарај.

Вечерва Бенфика со 3-1 го победи Салцбург на негов терен. Третиот гол кој го постигнаа во судиското продолжение ги однесе во Лига Европа. Им беше потребна победа од два гола разлика за да дојдат до третата позиција и во супер финиш тоа и го направија.

Во истата група Интер и Реал Сосиедад одиграа без голови. Тие од поодамна го заверија местото во осминафиналето.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.