24фудбал

УЕФА има адут во битката со Реал, Барса и Јуве: Финале во ЛШ во Абу Даби за 2,2 милијарди евра?!

Шпанскиот весник ОК Диарио објави дека УЕФА финализира соработка со Обединетите Арапски Емирати која ќе донесе 2,2 милијарди евра и нов адут во битката со Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за креирање на Суперлига.

Лига на Шампиони

Европската куќа на фудбалот се тужи со Реал Мадрид, Барселона и Јувентус (трите клуба кои останаа зад идејата да се формира Суперлига), раководството на УЕФА е загрижено дека може да го загуби спорот предот Судот за правда на ЕУ во Луксембург, па за да имаат нов адут во битката, Александар Чеферин и неговите соработници се решиле за дил со Обединетите Арапски Емирати.

Шпанскиот весник ОК Диарио објави дека се финализира шестгодишна соработка тешка околу 2,4 милијарди долари, односно 2,2 милијарди евра.

УЕФА овие пари ќе ги добие на име на ТВ права, спонзорски договори како и организација на неколку финалиња на Блискиот Исток, кулминацијата ќе биде во сезоната 2029/30, кога Абу Даби ќе биде домаќин на завршницата во Лигата на шампиони.

Планот е со помош на овој супербогат договор, Лигата на шампиони да стане поатрактивна за клубовите, и да се спречи тие да се преселат во Суперлигата.

Останува да се види дали има вистина во ваквите написи на ОК Диарио, кој додава дека соработката официјално ќе биде потврдена на 8. февруари 2024 година.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.