24фудбал

Првиот гол на Галатасарај е нерегуларен поради едно правило кое малкумина го знаат! (ФОТО)

Првиот гол на Хаким Зијеш од слободен удар против Манчестер јунајтед требаше да биде поништен, но ретко кој судија ќе го направеше тоа.

Лига на Шампиони

„БеинСпорт“ во судиската анализа за мечот потенцираше дека првиот гол на Галатасарај е нерегуларен и објасни зошто.

Кога живиот ѕид го сочинуваат тројца или повеќе играчи, противничките фудбалери мора да стојат најмалку на еден метар одалеченост од ѕидот. 

Во случајот со голот на Зијеш, пресметано е дека Икарди бил одалечен само 61 сантиметар.

Главниот судија не реагираше, немаше реакција ниту од ВАР собата. Резултатот можеби ќе беше поинаков доколку голот беше поништен, но ретко кој судија би го поништил поради прекршување на ова правило.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.