24фудбал

Што му треба на Манчестер јунајтед за пласман во осминафиналето од ЛШ?

Манчестер јунајтед во Истанбул двапати водеше со по два гола разлика, но освои само бод од гостувањето кај Галатасарај, а тоа им го искомплицира патот до нокаут фазата.

Лига на Шампиони

Откако се одигра и мечот меѓу Баерн Минхен и Копенхаген, познато е што точно треба да се случи за Јунајтед да се пласира во следната фаза.

За жал на фановите на Манчестер јунајтед, ФК Копенхаген остана непоразен во Минхен, мечот против Баерн заврши 0-0. Баварците играа со првиот тим и покрај тоа што имаа обезбедено прво место, но не му дадоа гол на данскиот тим.

Манчестер јунајтед е последен со четири бода, по пет имаат Копенхаген и Галатасарај, а Баерн е прв со 13.

За да се пласира во осминафиналето, Манчестер јунајтед мора да го победи Баерн Минхен на Олд Трафорд и мечот меѓу Копенхаген и Галатасарај да заврши нерешено. Доколку има победник на тој дуел, англискиот гигант ќе биде елиминиран.

Манчестер јунајтед не одлучува сам за својата судбина.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.