24фудбал

Реал со победа над Наполи го завери првото место, Арсенал го растури Ленс за пласман во осминафинале! (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 4-2 го победи Наполи и ја завери првата позиција на табелата, Арсенал го демолираше Ленс со 6-0 и обезбеди место во нокаут фазата.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид и Наполи одиграа интересен меч со пет голови кој на крајот го добија кралевите. Елиф Елмас во игра влезе во 65. минута од натпреварот.

Наполи поведе уште во 9. минута со гол на Џовани Симеоне, но веќе во следниот напад Родриго изедначи на 1-1. А брзо потоа и Белингем даде гол за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 2-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

Со почетокот на вториот дел дојде гол за Наполи, Ангуиса изедначи на 2-2. Тој резултат беше актуелен до 84. минута кога 19-годишниот Паз погоди од далечина за водство на Реал од 3-2, конечните 4-2 беа дело на Хозелу во 94. минута.

Арсенал го торпедираше Ленс победувајќи го со 6-0. Пет погодоци беа постигнати во првиот дел, погодија Хаверц, Габруел Жесус, Сака, Мартинели и Одегард. Норвежанецот даде гол од пенал и во самиот финиш од мечот за конечни 6-0.

И Бенфика и Интер одиграа меч со шест гола, овој натпревар беше со по три погодоци на двете страни. Жоао Марио даде хет-трик во првото полувреме за водство на португалскиот клуб од 3-0, во вториот дел Арнаутовиќ, Фратези и Санчез погидија за конечни 3-3.

Брага и Унион Берлин одиграа 1-1, а немаше голови на дуелите Баерн Минхен - Копенхаген и Реал Соседад - Салцбург.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.