24фудбал

Манчестер јунајтед прокоцка водство од два гола, само со бод се враќа од Истанбул (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед е блиску до елиминација од Лигата на шампионите откако одигра 3-3 на гостувањето кај Галатасарај, водство од два разлика прокоцка и Севиља која на свој терен загуби од ПСВ со 3-2.

Лига на Шампиони

Момците на Тен Хаг имаа одлично отворање на мечот, поведоа преку Гарначо во 11. минута, а седум минути подоцна Бруно Фернандеш зголеми на 2-0.

Во 29. минута Хаким Зијеш намали на 2-1, со тој резултат се отиде на одморот.

По десет минути игра во второто полувреме Скот Мектоминеј го зголеми водството на Јунајтед на 3-1.

Во 62. минута нов гол на Зијеш од слободен удар и нов кикс на Андре Онана, Галатасарај намали на 3-2.

Десет минути подоцна убав гол постигна Актуркоглу за конечни 3-3.

Со овој бод Манчестер јунајтед остана на последната позиција на табелата со ист број на бодови како и Копенхаген, двата тима имаат по четири бода.

Во последното коло Манчестер јунајтед ќе го пречека Баерн Минхен кој веќе е пласиран како прв, англискиот тим мора да победи, но и да се надева дека на позитивен исход од дуелот меѓу Копенхаген и Галатасарај.

Севиља водеше со 2-0 против ПСВ и на крајот го загуби мечот. Тимот од Андалузија ги загуби шансите за осминафинале, а голема е реалноста да испадне и целосно од Европа.

Севиља поведе во 24. минута со гол на Серхио Рамос, а по две минути игра во вториот дел Ен Несири зголеми и на 2-0. Се чинеше дека домаќините ќе дојдат до трите бода, но не беше така.

Окампос за три минути успеа да добие два жолти картони и од 66. минута ја остави Севиља со фудбалер помалку.

Тоа максимално го искористи ПСВ и со три гола до крајот на мечот дојде до победа. Прво погоди Саибари, потоа следуваше автогол на Гудеља, а победата ја обезбеди Пепи во 92. минута.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.