24фудбал

„Њукасл наместо да слави историска победа, доживеа грабеж во Париз... Ова е срамота!“

Поранешниот фудбалер на Њукасл, Џермејн Џенас вели дека е бесен откако ПСЖ со контроверзен пенал во 98. минута им откина два бода на популарните „страчки“ во Лигата на шампиони.

Лига на Шампиони

Њукасл синоќа беше на прагот на голема победа во Париз, која значително ќе им ги зголемеше шансите за пласман во осминафинале во Лигата на шампиони, но ПСЖ во финишот се избори за бод со контроверзен пенал.

Едно додавање на Дембеле го одри Ливраменто во телото и потоа се одби во неговата рака, а по прегледување на снимките со помош на ВАР, судијата Марчињак покажа на белата точка во 98. минута од мечот.

Во Англија се бесни на одлуката, и пристигнуваат критики од сите страни.

„Што треба да прави Ливраменто со раката? Бесен сум!“ – вели поранешниот фудбалер на Њукасл, Џермејн Џенас.

„Фудбалерите изгинаа на теренот, и наместо да се слави историска победа, Њукасл е ограбен во Париз“.

Али Мекоист, кој работеше со Џермејн Џенас како стручен коментатор за ТНТ, додава: „Ова не е пенал, ама апсолутно никогаш не е пенал. Срамота е што за вакви ситуации се свири пенал“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.