Категорија: Лига на Шампиони 29.11.2023 07:17
Пеналот е сомнителен затоа што топката прво удира во телото на играчот на Њукасл, а потоа во раката. Ситуации кои обично не се судат како пенали.
„Според мене, тоа не беше добра одлука“, вели тренерот на Њукасл, Еди Хоу.
„Топката прво го удри во градите, а потоа го удри во рака. Мислам дека и неговата рака беше во природна положба. Тој трчаше. Ова е лоша одлука“.
„Фрустрацијата е голема бидејќи имаше уште многу малку до крајот на натпреварот, но не можеме сега ништо да направиме“.
„Јас треба да се контролирам себеси, тоа ми е работа. Не смеам да ја загубам контролата. Но, мислам дека по сето тоа што го покажаа фудбалерите денеска, мислам дека е многу тешко да се прифати еден ваков резултат, особено што сега судбината за осминафинале не е во наши раце“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.