24фудбал

Лацио го победи Селтик и го исфрли од Европа! (ВИДЕО)

Лацио со два гола на Имобиле во финишот од мечот го победи Селтик со 2-0 и дојде многу веројатен пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, а шкотскиот тим нема да игра ниту во Лига Европа.

Лига на Шампиони

Мрежите на Олимпико мируваа се до 82. минута кога Чиро Имобиле погоди за голема радност на Лацио и водство од 1-0.

Само три минути подоцна Имобиле постигна уште еден гол и ја завери победата од 2-0.

За разлика од Серија А, во Лигата на шампионите Лацио е одличен, од пет меча собра десет бода и во моментов е прв, но Атлетико Мадрид и Феенорд имаа натпревар кој допрва вечерва треба да го играат. 

Селтик е последен со само еден освоен бод. Шкотскиот тим веќе нема шанси ниту за третото место каде Феенорд има шест бода.

Со Европа вечерва се збогува и Антверпен кој загуби од Шахтар со 1-0.

Единствениот гол на мечот беше постигнат уште во 12. минута. Матвиенко беше стрелец на голот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.