24фудбал

ПСЖ доби „солена“ казна од УЕФА за инцидентите против Милан

УЕФА денеска му ја соопшти казната на ПСЖ за инцидентите за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Милан кој францускиот тим го доби со 3-0.

Лига на Шампиони

ПСЖ ќе треба да плати околу 100.000 евра за казни поради случувањата на тој меч кој се одигра на 25. октомври.

75.000 од тие се за димни бомби на трибините, 18.000 евра за блокирање на скалите на трибините и 5.000 евра поради влегување на навивачи на теренот. 

ПСЖ доби и условна казна од делумно затворање на стадионот на еден меч од европските натпреварувања доколку во период од две години се повтори инцидент.

Казна ќе треба да плати и Милан, од касата на росонерите ќе се одлеат 20.000 евра поради нереди меѓу своите навивачи и уште 3.000 евра за димни бомби.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.