Поранешниот директор на Милан, а сегашен на Монца, Адриано Галијани вели дека ќе навива за Интер против Манчестер Сити во финалето од Лигата на шампионите.
Категорија: Лига на Шампиони 09.06.2023 15:20
Галијани во живо во Истанбул ќе го гледа финалето од Лигата на шампионите кое утре се игра меѓу Манчестер Сити и Интер.
„Тоа ќе биде тежок меч како и секое финале. Тешко е да се предвиди победникот“, вели Галијани.
„Не сум станал Интериста, секогаш ќе навивам за Милан, но како Италијанец, како поранешен претседател на лигата, отсекогаш навивам за италијанските клубови во Европа, па би било одлично за нас ако Интер победи“.
„Манчестер Сити на хартија е најсилниот тим во Европа, но ќе повторам, мислам дека Интер ги има сите адути за да ги сопре“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.