24фудбал

Официјално: Конард Лајмер е нов фудбалер на Баерн Минхен

Баерн Минхен го промовираше првото засилување за следната сезона, станува збор за 26-годишниот фудбалер од средниот ред, Конард Лајмер.

Германија

Од претходно беше јасно дека Лајмер ќе се пресели во Баерн Минхен по крајот на изминатава сезона кога му истекуваше договорот со Лајпциг. Баварците сега и официјално го потврдија неговото доаѓање.

„Конард Лајмер му се приклучи на Баерн, потпиша договор до 30 јуни 2027 година. 26-годишниот играч од средниор ред во Минхен доаѓа на слободен трансфер од победникот во Купот на Германија, Лајпциг“, стои во соопштението на Баерн Минхен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.