24фудбал

Иднината на Лукаку ќе се решава по финалето од ЛШ, неговата желба е јасна!

Неизвесно е дали Лукаку ќе се врати во Челси, ќе остане во Интер или можеби ќе потпише за некој трет тим, неговата иднина ќе се решава откако ќе заврши финалето во Лигата на шампионите.

Англија

По дуелот меѓу Интер и Манчестер Сити, нероазурите ќе седнат на разговори со Челси на кои ќе се зборува за Лукаку.

Желбата на напаѓачот е јасна, тој сака да остане во Интер, но тоа нема да биде едноставно.

Работите ќе зависат и од плановите на Покетино, дали новиот тренер на Челси ќе смета на Лукаку.

Интер не може да си дозволи да го откупи во целост, па опцијата е нова позајмица или некоја размена на фудбалери во која ќе биде вклучен Лукаку.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.