24фудбал

Официјално: Ливерпул си купи Светски шампион за 35 милиони фунти

Ливерпул соопшти дека потпишаа со Алексис Мекалистер од Брајтон, црвените се засилија со светски шампион.

Англија

Според англиските медиуми, сумата која Ливерпул ја плати за да го добие Мекалистер е 35 милиони фунти, толку изнесувала откупната клаузула на фудбалерот.

„Ливерпул постигна договор за трансфер на Алексис Мекалистер кој потпиша долгогодишен договор“, стои во соопштението.

24-годишниот фудбалер е прво засилување за Ливерпул во летниот преоден рок.

„Се чувствувам неверојатно. Ова е остварување на сонот, неверојатно е да се тука, не можам да дочекам да почнам“, рече Мекалистер по потпишувањето на договорот.

„Ова беше фантастична година за мене, Светско првенство, тоа што го остваривме со Брајтон, но сега е време да размислувам на Ливерпул и секој ден да бидам се подобар фудбалер и подобар човек“.

Тој пред шест месеци со репрезентацијата на Аргентина стана Светски шампион.

Мекалистер во Ливерпул ќе го носи бројот 10.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.