24фудбал

Дали со подарокот кој му го даде, Дибала го врбува Мората да му се приклучи во Рома? (ФОТО)

Пауло Дибала и Алваро Мората се многу добри пријатели од периодот во Јувентус, а последниот подарок кој го доби Шпанецот од Аргентинецот предизвика реакции на социјалните мрежи.

Италија
Рома се поврзува со Мората, тој е една од опциите за нападот на волчицата во идната сезона.

Дибала на Мората му испрати дресови од Рома за неговите дечиња. Шпанскиот напаѓач на социјалните мрежи му се заблагодари на својот добар пријател за подарокот. Фотографија од дресовите објави и сопругата на Алваро.





Многумина ваквиот гест на Дибала го сфатија и како врбување на Мората да потпише за Рома.