24фудбал

Пандев: На хартија Сити е голем фаворит, но Интер има свое оружје

Горан Пандев кој со Интер ја освои тројната круна, верува дека неговиот поранешен клуб има шанси да го спречи Манчестер Сити да го направи истото.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити е голем фаворит против Интер, а ако победат во Лигата на шампионите ќе освојат тројна круна бидејќи веќе триумфираа во Премиерлигата и ФА Купот.

Горан Пандев верува дека Интер има шанси во финалето иако можеби навидум не изгледа така.

„На хартија изгледа дека Сити е голем фаворит, но Интер има оружја со кои може да го стави Сити во тешка позиција и јас сум убеден дека тоа ќе го направат. Да не нѐ залажуваат тие 4-0 со Реал Мадрид, зашто сега финалето е на неутрален терен. А, Англичаните, како и ние во таа 2010 година, се борат за тројна круна, за такво нешто е изграден тимот, ама тоа може да им донесе уште поголем притисок од вообичаеното“, вели Пандев за италијанските медиуми.

„Сити е тим кој ве турка позади, во Мадрид (во 2010 година), Баерн се обиде да го направи тоа со нас, па не им успеа. Тоа што Интер мора да го направи е да го дочека финалето во врвна кондиција, зашто максималната физичка подготовка за ваков меч ја прави разликата“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.