24фудбал

Милан се обидува да ѝ украде веќе договорен фудбалер на Рома!

Рома веќе има постигнато договор со дефанзивецот од Ајнтрахт Франкфурт, Еван Ендика, но Милан се обидува да го предомисли и да го обезбеди неговиот потпис.

Италија

Рома веќе има постигнато договор со 23-годишниот француски дефанзивец на Ајнтрахт Франкфурт, но нема потпишано бидејќи актуелниот договор на Ендика со германскиот клуб истекува на 30 јуни.

По овој датум тој ќе може да го потпише договорениот трансфер со Рома и да се пресели на Олимпико.

Според Џанлука Ди Марцио, Милан се обидува да го украде Ендика, но мали се шансите да им успее, се очекува фудбалерот да го испочитува договореното и да потпише за Рома.

Ендика е втор фудбалер во овој преоден рок кој е договорен од страна на Рома, прв е Хусен Аоар од Лион кој исто така на Олимпико треба да пристигне како слободен играч.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.