24фудбал

Меси: Во Барселона некои луѓе не сакаа да се вратам!

Лео Меси вели дека во ПСЖ не бил среќен, ниту тој, ниту неговото семејство, се надева дека Мајами е вистинското место за овој период од неговата кариера, тој распали и по Барселона.

Шпанија

Меси вели дека не бил убеден дека Барселона направила сѐ за негово враќање на Камп Ноу.

„Не сум сигурен дека Барселона направи сѐ што е можно за враќањето да се случи, искрено. Знам само тоа што ми кажа Чави“, вели Меси.

„Сигурен сум дека има луѓе во клубот кои не сакаат да се вратам во Барселона, гледајќи го тоа како негативно за клубот“.

Аргентинецот признава дека потегот да се пресели во ПСЖ не бил најдобриот, изминатите две години биле далеку од идеални за него и за неговото семејство.

„Вистината е дека првата година во ПСЖ ми беше многу тешка од различни причини. Во втората година првите шест месеци се чувствував многу, многу добро, многу комфорно во клубот и во градот со мојата фамилија. Во средина од сезоната беше Светското првенство и мислам дека Мундијалот имаше влијание на тимовите генерално, имаше влијание на сезоната бидејќи за првпат толку големо натпреварување се играше среде сезона“, вели Меси.

„Сега сум во момент кога сакам малку повеќе да мислам на моето семејство. Изминатите две години не беа толку добри за моето семејство. Тоа беше две тешки години генерално. Тоа беа две години во кои не бев среќен, не уживав и тоа имаше ефект врз животот на моето семејство, пропуштив многу од животот на моите деца“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.