24фудбал

Абрахам е успешно опериран, го чека пауза од најмалку шест месеци

Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам денеска го опеираше коленото во клиника во Лондон, сега го започнува долгиот процес на рехабилитација.

Англија

Абрахам немаше среќа, ги повреди вкрстените лигаменти на левото колено во последното коло од Серија А и сега пред него е долга пауза.

Рома информираше дека тој денеска во Лондон бил успешно опериран.

Абрахам неколку дена ќе остане во клиниката во Лондон и наскоро ќе го почне долгиот процес на рехабилитација. Се очекува да се врати на теренот на почетокот од наредната година.

Рома планираше ова лето да го продаде Абрахам, но повредата им ги расипа плановите, сега не можат ниту да го продадат, ниту да го играат.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.