24фудбал

„Бензема со парите кои ќе ги заработи во Саудиска Арабија може слободно да се врати и да го купи Лион“

Професорот Жан Баптист Геган го прокоментира трансферот на Карим Бензема во Саудиска Арабија, вели дека напаѓачот за некоја година слободно може да се врати во Франција и да го купи Лион, клубот од кој потекнува.

Останато

Карим Бензема синоќa беше промовиран како нов фудбалер на Ал Итихад, Французинот стана второто звучно име по Кристијано Роналдо кое реши да ги прифати лудите суми кои ги нудат Арапите (се говори дека и тој ќе заработува по 200 милиони евра годишно).

„Саудиска Арабија сака да донесе фудбалери кои се уште можат да дадат голем придонес и кои ќе можат да го подигнат нивото на фудбалот во Саудиска Арабија“ - вели професорот Жан Баптист Геган.

„Во потрага се на играчи кои и понатаму играат на врвно ниво и кои имаат големо влијание, односно многу следбеници на социјалните мрежи“.

„Фудбалерите пак ќе можат да влезат во инвестиции кои претходно немало шанси да ги направат“.

„На пример, Карим Бензема слободно може да се врати во Франција и да го купи Лион“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.